Претреси на неколку локации низ државата, но и во УЈП- се апсат осомничени за перење пари и даночни измами од големи размери

Вк моментот се вршат повеќе претреси на неколку локации во државата, поради сомнежи за перење пари и даночни измами од големи размери.
Според неофицијални информации, претреси се вршат и во УЈП.
-Обвинителатвото за гонење на организирање на криминал и корупција од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, информираат од Обвинителството за гонењр на организиран криминал и корупција.
Според информациите на Инфомакс, кои ОЈО ГОКК до овој момент не ги повтрдува, приведени се раководителката на Управата за јавни приходи во Скопје, како и десетина вработени во институцијата.
Од ОЈО ГОКК, сепак потврдуваат дека меѓу приведените во акцијата има и вработени во УЈП, но детали најавија за подоцна во текот на денешниот ден.
Повеќе информации најавуваат во текот на денот.






