Лекари советуваат на положување на крстот да учествуваат здрави индивидуи

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на положувањето на крстот да учествуваат само здрави индивидуи, советуваат лекарите од Ургентниот центар Куманово. Според нивните препораки, во студентите води треба да влегуваат исклучиво лица кои се целосно здрави, без хронични заболувања и кои не користат редовна терапија.

Од Ургентниот центар предупредуваат дека наглата изложеност на ниски температури претставува сериозен ризик за лицата со срцеви, белодробни заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, како и за оние кои земаат постојана терапија.

-Апелираме по крстот да скокаат само млади и здрави луѓе, кои немаат хронични болести и кои не примаат никаква терапија. За повозрасните граѓани и хронично болните, оваа активност не се препорачува бидејќи може да предизвика сериозни здравствени компликации, изјави доктор Никола Стефановски од Ургентниот центар

Тој додаде дека се препорачува претходна медицинска проценка и за здравите лица.

– Секој млад и здрав човек кој сака да учествува во оваа традиција, добро е претходно да направи основен здравствен преглед. Доколку се чувствува добро и нема здравствени проблеми, може да скока по крстот, посочува докторот.

Back to top button
Close