(Документи) Над 4 милиони денари за стотина „договорци“ во Државна лотарија, меѓу нив професори, инфлуенсери, пејачи и партијаши!

Државната лотарија на Македонија (ДЛМ) се најде во центарот на нов скандал откако во јавноста протекоа документи кои откриваат огромни суми кои им се исплаќаат на надворешни соработници. Според документите во кои увид имаше редакцијата на Инфомакс, станува збор за ангажмани на лица кои ја чинат државната компанија над 4 милиони денари секој месец.

На списоците на Државна лотарија се појавуваат имиња на звучни личности од јавниот и политичкиот живот. Меѓу нив се:


 

 

  • Борис Дамовски, режисер и истакнат активист – нето износ од 45.000 денари.
  • Аделина Тахири, пејачка – нето износ од 45.000 денари.
  • Кристијан Станковски (Бомбакис), инфлуенсер – нето износ од 40.000 денари.
  • Борче Давитковски, професор на Правниот факултет – нето износ од 45.000 денари.
  • Глигор Чатмов, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ – нето износ од 27.300 денари.

Според сознанијата на Инфомакс, голем дел од ангажираните се млади лица на возраст од дваесетина години, главно членови и активисти на владејачките партии.

Иако Државната лотарија, како претпријатие во државна сопственост, е законски обврзана да ги објавува сите исплати на системот „Open Finance“, овие имиња и суми таму не можат да се најдат. Ова отвора сомнеж за обид за прикривање на податоците од јавноста.

Овие исплати, како што велат од порталот, се случуваат во период кога со компанијата раководи Александар Климовски, професор на Правниот факултет, кој беше назначен за директор на 5 август 2025 година. Климовски претходно беше дел од тимот соработници на премиерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Инфомакс

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close