Села: Заедничката тркалезна маса на албанските партии мора да се повтори

„Не велам дека ова треба да биде јавно, со камери и помпезност… важно е овој механизам, наречен Заедничка тркалезна маса на албанските политички партии, да функционира. Тоа е механизам што мора да се имплементира и јас би го направил тоа во моментот кога нашата јавна декларација ќе ја врати својата тежина. И не сум ја повлекол од Програмата и Политичката платформа на Алијансата за Албанците, колку и да им изгледа старомодно на некои“, изјави за „Лајм ТВ“, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Back to top button
Close