СДСМ: Уште еден доказ „мигранти за пари“
Пред неколку дена, со одлука на Владата на Мицкоски, отворена е вратата за влез на 10.000 т.н. економски работници иако во Македонија има речиси 100.000 невработени, наведува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во соопштение

Пред ова Владата на Мицкоски го смени и Законот за странците за да го олесни доаѓањето.
Ова се поклопува во целост со пишувањето на британските медиуми за „стратешки договор“ во согласност со кој мигрантите би добиле работни визи во Македонија за работа во разни сектори.
Сега кујните на ВМРО објавуваат вести дека граѓаните не ја подджале онлајн-петицијата на СДСМ, што СДСМ ја прекина само по неколку дена затоа што ВМРО изгласа декрет, како од Третиот рајх, за забрана на слободата на говор.
Но, сега, што прави ВМРО со ова?
Го користат за да наметнат мислење дека, всушност, граѓаните не ја поддржале петицијата, затоа што поддржуваат доаѓање на мигранти односно „економски работници“, како што ја сменија терминологијата.
Драги граѓани на Македонија, дали сега ви е јасно дека договор „мигранти за пари“ има?
Еве, преку оваа објава тие тоа и го потврдија.
Пари нема во буџетот, веќе сега недостигаат две милијарди евра, на тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ им фрлаат пари за нови тендери.






