(ВИДЕО) Апасиев до Заев: Требаше после неуспешниот референдум да го вратите мандатот, а не пе***ски да играте до крај

Во Собранието се дебатира за новата Влада. Збор зема Дамјан Манчевски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ губи три избори по ред, и јасно е дека членството бара оставки.

Реплицираа и други пратеници, но најизразена беше репликата на Димитар Апасиев од Левица, кој употреби несодејствен вокабулар за собраниската говорница. Покрај на Манчевски, реплицираше и на мандатарот Зоран Заев.

„Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки цела Влада, да го вратите мандатот, а не потоа пед***ски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволовите Грција да може да го употребува името Македонија за своја област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговорате за бришење на националниот идентитет“, рече Апасиев.

Целиот говор на лидерот на Левица и пратеник низ видео:

ТВ21

Back to top button
Close