Полицискиот синдикат алармира: Новите возила завршуваат кај командири и началници, не на терен

Претседателот на Независен синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов, на социјалните мрежи ја објави писмената реакција која ја доставил до Министерство за внатрешни работи, во која реагира на распределбата на новите службени возила во МВР.

 

Според синдикатот, и оваа набавка, како и претходните, во голем дел завршила кај командирите и началниците, наместо кај полициските службеници кои секојдневно работат на терен.

 

„Денес до Министерот за внатрешни работи вложивме писмена реакција околу распределбата на новите службени возила кои за жал повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно.

Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е пракса во МВР и да се набават уште 500 нови возила повторно истите нема да стигнат до полициските службеници, а со тоа ефектот од набавката нема да го почуствуваат ниту полицајците ниту граѓаните!

Дополнително бараме да се разгледа и самата распределба низ бројки во кои некои полициски станици добија по 5 возила, додека пак други како на пример ПС Кочани кои претставува еден од центрите на обем и сложеност во истокот само 1 возило.“, наведува Ефремов во реакцијата.

Back to top button
Close