Инцидент во Кичево – нападнати се полиција при сообраќајна контрола

 

Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници за време на сообраќајна контрола во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година, околу 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево. Полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“, управувано од А.А.(31) од Кичево.

При контролата, возачот А.А. и неговиот сопатник Б.М.(20), исто така од Кичево, најпрво упатувале вербални навреди и закани кон полицајците, по што преминале и на физички напад врз службените лица кои извршувале редовни службени задачи.

По настанот, лицата биле приведени, а против нив ќе следуваат соодветни пријави по целосно расчистување и документирање на случајот.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close