Почина човекот застрелан од федерални агенти во Минеаполис

Маж кој беше застрелан од федерални агенти во Минеаполис во саботата наутро им подлегна на повредите.
На видеото се гледаат најмалку шест маскирани агенти како го соборуваат човекот на земја пред да пукаат во него повеќе пати. Не е јасно што го започнало конфликтот.
„Минеаполис Стар-Трибјун“ објави дека човекот е однесен во болница. Видеото е снимено пред продавницата „Глам Дол Донатс“ каде што еден вработен потврдил дека се случила пукотницата.
– Човекот кој беше застрелан од федерални агенти пред продавницата „Глам Дол Донатс“ во Минеаполис во саботата наутро почина – изјави за CNN шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.
Како што пишува CNN, човекот кој беше „застрелан додека беше опкружен со федерални агенти во Минеаполис беше вооружен“, изјави функционер на Министерството за внатрешна безбедност, кој исто така рече дека лицето „имало огнено оружје со две цевки“.
Не е јасно дали мажот отворено го држел оружјето или било скриено во моментот кога бил застрелан. Исто така, не е јасно дали имал дозвола за носење огнено оружје, што е задолжително во таа држава, пишува CNN.
Ова е трето пукање во јануари во кое се вклучени федерални агенти.
На 7 јануари, Рене Гуд, 37-годишна мајка на три деца, беше смртно застрелана од агент на Службата за имиграција и царина, што предизвика протести низ целата земја.
Една недела подоцна, агент на Службата за имиграција и царина застрела венецуелски имигрант во ногата по она што го нарекоа „целна сообраќајна контрола“.
Мажот, за кого Министерството за внатрешна безбедност рече дека се спротивставил на апсењето, бил однесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Извор: fokus.mk






