Кошта и Фон дер Лајен во Индија, ЕУ и Индија пред постигнување договор за слободна трговија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија, додека Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи настојуваат да го финализираат договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на речиси две децении преговори меѓу двете големи економии.

Кошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи утре, во пресрет на самитот ЕУ-Индија задутре, каде се очекува да се постигне договор, пренесува бриселски Еуроактив.

Самитот, според објава на Европскиот совет на мрежата Икс, ќе биде можност да се надгради стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Индија и дополнително да се зајакне соработката во клучните политички области.

Back to top button
Close