Во Велика Британија издадено предупредување за обилни дождови во следните два дена

Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска, објавија денеска британските медиуми.

Првото предупредување на метеоролозите се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што невремето би можело да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај, како и локални поплави, објави Скај њуз.

Метеоролозите издадоа и метео-аларм за југозападна Англија и областите подалеку на исток, речиси до Портсмут и Оксфорд на север.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close