Обновено снабдувањето со електрична енергија во главниот град на Гренланд

Снабдувањето со струја во главниот град на Гренланд, Нук, е обновено денеска откако во невреме се оштетил кабел од далновод, оставајќи илјадници луѓе без струја и греење во текот на ноќта.
„Снабдувањето со струја ненајдено прекина во главниот град на Гренланд доцна синоќа“, изјавија очевидци.
Компанијата Нукисиорифит, кој го снабдува Нук од хидроцентралата Буксефјорд, лоцирана југоисточно од главниот град, соопшти дека струјата е обновена околу 4:30 часот наутро по локално време.
Жителите на Гренланд се навикнати на прекини во снабдувањето со електрична енергија, честопати предизвикани од временски услови што го оштетуваат кабелот што поминува низ суров терен и низ два фјорда, потсетуваат агенциите.
Три дена пред најновиот прекин на електричната енергија во Гренланд, властите ги ажурираа препораките за подготвеност за кризи, вклучително и совети за луѓето да обезбедат петдневни залихи со вода и храна поради тензиите околу изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на таа данска територија, пренесуваат агенциите.






