Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот во Клиничкиот центар
Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите, сообраќајната несреќа била пријавена во 11:30 часот, а за случајот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници.
„Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во село Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар ‘Мајка Тереза’ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животнозагрозувачка состојба“, се вели во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат марки за целосно расчистување на случајот.
Извор: 360stepeni.mk






