Кавадарчанка уапсена по напад со остар предмет врз сопругот

Триесетгодишна жена од Кавадарци била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на својот сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што соопшти полицијата, денеска околу 6:30 часот полициски службеници од ОВР – Кавадарци постапиле по пријава за семејно насилство, при што во семејниот дом, по претходна вербална расправија, жената му нанела повреди со остар предмет на 43-годишниот сопруг. Предметот бил пронајден и одземен.
При преземање на службените мерки било утврдено дека жената имала 2,61 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР – Велес.
Извор: skopje1.mk






