Сведоци: Алекс Прети не држеше оружје

Двајца сведоци на убиството на Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар, изјавиле под заклетва дека тој не држел оружје кога се приближил кон федералните агенти во Минеаполис. Нивните искази се во спротивност со тврдењата на официјални лица од администрацијата на Доналд Трамп.
Жена сведок, која го снимала настанот, изјавила дека Прети бил соборен на земја додека се обидувал да помогне на друга жена и дека не видел пиштол во неговите раце. Другиот сведок, лекар, потврдил дека Прети не мафтал со оружје и дека му било забрането веднаш да му пружи медицинска помош.
Извор: skopje1.mk






