СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот

СДСМ реагира дека само по скапите часовници на премиерот Христијан Мицкоски сме меѓу првите во светот.
„Компанијата IFL Watches објави ранг листа на часовници кои ги носат шефовите на држави и влади на НАТО и колку чинат.Мицкоски со еден негов часовник од 6.900 доалри е на врвот на таа листа, помеѓу топ пет, со најскапи часовници.Не му го виделе имотниот лист на Мицкоски, со 60.000 евра колекција на скапи часовници, инаку сигурно би бил прв на листата.Тажно е ова за Македонија и за сите нејзини граѓани.
Македонија е на последно место на светската ранг листа по животен стандард на Балканот.
Македонија е на последно место меѓу земји по висина на платите во Европа и по висината на минималната плата во регионот.Македонија е во листата на САД на земји „од трет свет“.Само кога се мерат скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот. Тоа покажува „колку е саат“ во Македонија. Власта служи само за лично богатење на функционерите во Владата додека народот едвај врзува крај со крај„, стои во реакцијата на СДСМ.
Извор: fokus.mk






