Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг

Вчера (25.01.2026) во 22:10 часот во СВР Тетово, 36-годишна жена од тетовско пријавила дека нејзиниот татко Р.В.(65), нејзиниот брат С.В.(34), нејзиниот чичко Ф.Б.(68) и поранешниот сопруг З.Е.(46) упатувале закани кон неа и нејзиниот сегашен сопруг А.Д.

-Според пријавеното, истиот ден во селото во кое живее било забележано возило „бмв“ со гостиварски ознаки, сопственост на роднини на поранешниот сопруг, кои се распрашувале за местото на живеење на нејзиниот сопруг А.Д., информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close