Гостиварец го нашол вујко му мртов во шахта


Гостиварската полиција вчера регистрираше трагичен случај во селото Дебреше.

„Вчера попладне, околу 18:15 часот, жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75). На местото на трагедијата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција“, информира МВР.

По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Back to top button
Close