ТАЈНИТЕ НА ЕДНА ЕЛИТНА МРЕЖА: Што навистина откриваат досиејата за Џефри Епштајн

Објавувањето на досиејата поврзани со Џефри Епштајн повторно ја вознемири јавноста и ги врати во фокус темните агли на еден од најскандалозните случаи на современата американска историја. Министерството за правда на САД во петокот јавно стави на располагање огромна архива од повеќе од три милиони страници документи, илјадници видеа и стотици илјади фотографии, со што формално се затвори процесот на објавување наложен со закон уште минатата година, пишува Пари.






