И Николовски и Мицкоски знаат дека Шенген-зоната и ЕУ не се исто. Но и дека за 71% од граѓаните на Северна Македонија обете се цел.

Што значи и дека барем половината членови на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со својата партија. Затоа официјално Скопје мора да тврди дека, парафразирано, „со кандидатскиот статус – како да сме во 🇪🇺“.
Интервјуто на вицепремиерот Николовски беше „одлична“ илустрација колку Владата на 🇲🇰 (има обврска да) ни го саботира полноправното 🇪🇺-членство низ пасив-агресивна одбивност кон него и понудата за утеха дека „грозјето е кисело“.
Слободата на непречено движење и престој во 🇪🇺 произлегува од државјанството на ЕУ-членка. Шенген-зоната е простор контролиран од националните власти согласно правила и стандарди за контрола на границите што важат во „Шенгенот“ – сега целата 🇪🇺 освен 🇮🇪.
Доколку една земја ги исполнува стандардите на контрола на границите, евиденција на патниците и се справува со (транзит на) нелегална миграција – земјата може да биде дел од Шенген-зоната. Така, 🇨🇭🇳🇴🇱🇮🇮🇸 се во „Шенген” иако не се во 🇪🇺.
Некогаш има временска разлика меѓу влезот на една земја во 🇪🇺 и во Шенген. Тоа последно се примерите на 🇭🇷, 🇧🇬 и 🇹🇩. 🇭🇷 прво влезе во 🇪🇺, а во „Шенген“ откако го интегрираше системот на гранично управување. За тоа време ставаше печати на пасошите само на патниците кои не се од 🇪🇺, а нејзините граѓани влегуваа во 🇪🇺 преку 🇮🇹🇸🇮🇭🇺 без печат и престојуваа со права и обврски како секој 🇪🇺 граѓанин. До лани тоа беше случај со 🇧🇬 и 🇹🇩.
Од влезот во „Шенген“ на граничните премини на 🇭🇷🇧🇬🇹🇩 со соседите „рампите се дигнати“, а мобилни патроли „ловат“ царински и сообраќајни прекршители, (шверцери на) мигранти и сл. без запирање на легалниот проток на 🇪🇺 патници и стоки. Границите меѓу сите нив се само на политичките карти.
Затоа во интервјуто Николовски мораше да дефокусира со хипотетичко разочарување на црногорските граѓани доколку 🇲🇪 не стане дел од 🇪🇺 во 2028.
Бидејќи не смееше да каже за проценката дека ако Подгорица продолжи со ова темпо на затворање преговарачки поглавја, 🇲🇪 може да стане полноправна членка на 🇪🇺 веќе кон крајот на следната 2027 година. А 🇲🇰 е кандидат уште пред 🇲🇪 воошто и да биде независна.
И, за крај на небулозите на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и јуан/рубља „евроскептиците“:
Ако вицепремиерот тврди дека 🇲🇰 нема да стане членка на 🇪🇺 и ако премиерот е убеден дека сме европски економски џин – Владата нека ги откаже кандидатскиот статус и пристапните фондови.
Како Влада на „економска велесила“ – нека им ги остави фондовите за „сиромашната 🇪🇺“ да се „оправи“, па да ја стигне 🇲🇰?!
А бидејќи и Николовски и Мицкоски (како и нивните претходници) знаат дека се прочитани – мора да изберат дали:
ќе ги спроведат преземените обврски за 🇲🇰 да биде во 🇪🇺 или
👎ќе продолжат 🇲🇰 да ја врзуваат на 🇷🇸 како приколка на паркираното возило што го запрело својот пат кон Брисел.
Едноставно е: 🇲🇰 во 🇪🇺 пред 🇷🇸 би била уште една ЕУ-граница за 🇷🇸, како онаа кон 🇭🇷, 🇭🇺, 🇹🇩, 🇧🇬…, а наскоро и 🇲🇪. Што го сведува Белград на главен град на 🇷🇸, наместо „центар на Западниот Балкан“ со кој Брисел мора да се пазари под услови на проектот „српски свет“.
Интересот на македонскиот народ и нацијата на 🇲🇰 и по ова прашање е на различна страна од Владата. И тоа секој ден ја разградува и Владата и парламентарната “опозиција” која и е лојална на Владата.

Back to top button
Close