Љутков за статусот на Охрид: Извештајот е испратен до УНЕСКО, но треба да очекуваме сè

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, потврди дека Македонија и Албанија заеднички го испратиле извештајот за состојбата со Охридскиот регион до седиштето на УНЕСКО и дека сега се чекаат повратните препораки од организацијата на ОН.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека проблемот со загрозеноста на статусот на Охрид е наследен и долгогодишен.

„За една и пол година откога го презедов ресорот направени се големи интервенции. Донесовме заклучоци, формиравме кризен штаб и добивме седум месеци да интервенираме. Тој извештај е направен, земени се предвид сите релевантни институции и е испратен“, појасни министерот.

Сепак, тој беше воздржан во прогнозите за конечната одлука на УНЕСКО. „Бидејќи ова е долгогодишен проблем, јас како министер можам да кажам дека ова го затекнав. Она што можевме да го направиме го направивме, и пак ќе потенцирам дека треба да очекуваме сè“, изјави Љутков.

Back to top button
Close