СДСМ: Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија?

Од СДСМ денеска коментираат дека во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија, па прашуваат како тоа воопшто се случило.

-Косопственик на Македонска фирма е меѓу уапсените. Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност.

Како 5 тона дрога завршиле во Србија преку Македонија а владата молчи?

Кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?, прашуваат од СДСМ.

Оттаму обвинуваат дека без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно да се случи.

-Кој се е вмешан во овој картелски скандал во Македонија?

СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија.

Се уште нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот С.З познат како Симе, уапсен во случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.

Во судовите во Србија и Црна Гора се цитираат Sky преписки за „шефот Оскар”.

САД носат Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и криминалот.

Македонија го има својот Мадуро.

За ваков картелски скандал мора да има одговорност!

Работата не е завршена!

Сите ќе одговарате!, велат од СДСМ.

Back to top button
Close