Дрска кражба во елитен дел од Лондон: Со чекан го скршија стаклото и за помалку од минута го собраа накитот

Снимка од дрска кражба во Лондон, во населбата Ричмонд, за кусо време стана вирална на социјалните мрежи. Двајца маскирани мажи во саботата претпладне, пред очите на шокирани минувачи, со чекан го скршиле излогот на семејна златара и однеле вреден накит.
Инцидентот се случил околу 10:30 часот. На видеото се гледа како еден од маскираните напаѓачи со голем чекан ѝ приоѓа на златарата „Gregory & Co“, додека неговиот соучесник стои на готовс со торба. Наскоро улицата одекнувала од силни удари додека крадецот удирал по излогот.
Повеќето сведоци останале вчудовидени и не реагирале, додека најмалку едно лице прибрано го снимало целиот настан со мобилен телефон. Еден очевидец за The Daily Mail изјавил дека напаѓачите „се појавиле од никаде со чекан и торба и веднаш почнале да го кршат прозорецот“.
Иако ламинираното безбедносно стакло кратко време пружило отпор, крадецот со фантомка ги насочувал ударите во една точка сè додека стаклото не попуштило. Потоа неговиот соучесник се нафрлил на пленот, брзо ставајќи го накитот во подготвената сина торба.
blockquote class=”twitter-tweet” data-media-max-width=”560″>
A jewellery robbery in Richmond London this morning
( ahcomeridewithme ) pic.twitter.com/d0jmgyQUGq
— London & UK Street News (@CrimeLdn) January 31, 202






