Ристески: Дали Општина Аеродром е дел од пирамидална тендерска шема вредна 11 милиони евра?

Првото прашање се однесува на една многу значајна тема, поврзана со корупцијата, за скандалот што СДСМ го обелодени преку својот антикорупциски тим пред повеќе од две недели, каде што имавме случај една иста градежна компанија, во општини на територија на државата, да добие 51 јавна набавка за разноразни градежни работи — дури и за услуги што не се исклучиво градежни, од типот на изнајмување камиони, хортикултурно уредување итн, изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот Општина Аеродром, Милутин Ристески.

„Станува збор за една фирма која очигледно е „универзална“. Вкупната вредност на тие 51 набавка изнесува 16 милиони евра. Од нив, 22 јавни набавки, во вредност од околу 11 милиони евра, се доделени од страна на Општина Аеродром.

За луѓето што работат со проблематиката на јавните набавки, ова е податок што вклучува аларм дека можеби станува збор за фаворизирање на оваа фирма при спроведувањето на постапките за јавни набавки.

СДСМ ги повика Финансиската полиција, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, да преземат мерки во однос на овој случај — да ги испитаат овие сомнежи, за што реално се потребни овластувања на органи што се занимаваат со истраги, за да може прецизно да се утврди дали оваа фирма е фаворизирана во постапките за јавни набавки или не.

Во моментов немаме одговор во јавноста кој би можеле да го прочитаме, меѓутоа она што мене ме интересира и сакам да го поставам како прашање — а се однесува на Општина Аеродром — е: Дали досега Финансиската полиција, Државната комисија за спречување на корупција или Јавното обвинителство побарале какви било документи од Општина Аеродром, поврзани со овие 22 јавни набавки во изминатите четири години?“ изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот Општина Аеродром, Милутин Ристески

Back to top button
Close