Уапсен полицаец од Делчево кој возел без возачка дозвола – му го одзеле и возилото

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево кој возел без возачка дозвола.
Како што информираат од МВР, утрово (02.02.2026) во 06:45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Д.(23) од село Тработивиште, делчевско.
„Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.






