ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов одработува за политиката наместо за работниците
„Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левица и одработува за нивни интереси, наместо, согласно неговата позиција, да ги штити правата на работниците. Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партија“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека „по насока на СДС и на Левица, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40%. Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на претседателското столче во ССМ, Трендафилов заедно со неговите другари ја продолжија послушноста која синдикатот ја има историски кон оваа партија“.
„Како на дугме, кога СДС е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДС е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат, а вработените по институции со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани. Сега, без никаква економска анализа со 4% инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50%. Додека пак во време на СДСМ, за седум години власт минималната плата не се зголеми за толку, односно 50%, иако имавме енормно покачување на цените по марките, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон. Тогаш никаде ги немаше ССМ и Трендафилов да се пожалат дека, со тие плати и со така високите цени, во време на власт на СДС македонските граѓани тешко живеат и одвај врзуваат крај со крај“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата упати повик до Трендафилов – „барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работници, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“






