„Не се откажав од истражувањето поради притисоците, туку заради други околности“, Менче Точи за случајот со мозоците во САД
Во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма, новинарката Менче Точи за време на нејзината кариера кога работела во А1 телевизијата дошла до сознанија дека од Македонија се носат мозоци на испитување на Унвиерзитетот Колумбија. По информациите таа започнала да истражува, а првата потврда пристигнала од Психијатриската болница во Скопје од тогашниот директор.

„Информациите говореа дека таму има пациенти кои остануваат со години, по 20 по 30 години заборавени од семејството. Тоа е како еден мал град умираат луѓе. Што се случувало не знам, но патот ме одведе до професорот Колумбија (Росоклија), ме однесе до Судска медицина и до Царина. Кога јас требаше да тргнам со проектот веќе имав четири страни“, рече новинарка Точи во Топ Тема.
Точи посочи дека тогаш вработените во Царина и кажале дека првпат слушаат за такво нешто и дека не се запознаени. Па така започнала и да си ги поставува прашањата: Дали семејствата знаеле за такво нешто? И како тие мозоци излегувале од државата?
Точи вели дека новинарското истражување ја довело до името на професорот Горазд Росоклија како носител на проектот, но кога стапила во контакт со него тој не сакаал да зборува.
„Проектот бил завршен и немало зошто јавноста да се занимава со тоа“, рече Точи и додаде дека Росоклија во неколку наврати вршел притисок тоа да не се објавува.
По гостувањето, таа се огласи на социјалните мрежи и вели дека не се откажала од истражувањето поради притисоците, туку заради други околности.
„Дечки, смирите доживљај. За тие што не разбрале, не сум се откажала од истражувањето поради притисоците,( тоа не може да ми се случи мене) туку заради други околности. Читајте убаво пред да коментирате( за неупатените со зли јазици)
И тогаш останав сама, како и сега, ама не престанав да зборувам гласно и јавно да се препукувам со дотичниот проф.од Колумбија, дури и на соц.мрежи. Сте читале, ама брзо заборавате. Заспаноста така прави понекогаш
Плус, за ова знаеја многу фактори, како и лекарската фела.
Благодарна сум што имав можност да го раскажам моето патешествие за овој случај јавно. Ова е единствено нешто што не сум го истерала до крај, ама под тој збир на околности беше невозможно.
Не ми треба публицитет, не се секирајте, го имам доволно и ми смета Секогаш искрено настапував, така и сега.
Благодарам и на поддршката и разбирањето што ги добив од огромен, огромен број луѓе. На нив ете, не им требало пошироко објаснување, сфатиле.
Сега, од оваа перспектива, смирено гледам и се мислам дали некои луѓе воопшто ја заслужиле мојата беспоштедна борба низ текот на годините“, напиша Менче.






