Васев и Нухи нудат куќи од 350.000 евра за да излезат од притвор
Одбраната на поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, денеска побара од судот нивно итно пуштање од притвор, нудејќи високи имотни гаранции. Адвокатите тврдат дека деветмесечниот престој во затворот во Шутка веќе претставува „казна пред пресуда“ и оневозможува фер одбрана.

За слободата на Нухи се понудени куќи од негови братучеди во вредност од 350.000 евра, додека Васев нуди куќа во Козле со слична вредност. „Во затворот е невозможно да се внесе компјутер за подготовка на одбраната, а посетите се ограничени на само еден час неделно“, истакна адвокатката Бегова. Обвинителството и судот ќе се произнесат за овие барања на следното рочиште на 17 февруари, кога треба да сведочат и ревизори од Државниот завод за ревизија.






