(ВИДЕО) Криминалецот Симе кој се сликал со Мицкоски пукал со калашников

„Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија“, излегоа повеќе. Од тогаш молк.
Молчи ВМРО, молчат институциите.
Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе?
Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, криминалецот од сликите со Мицкоски, пука со автоматско оружје – калашников.
На собир со знамиња на ВМРО, Симе пука со калашников. Самото поседување автоматско оружје е незаконско, а пукањето покажува дека предизвикал и општа опасност.
Кој смее вака да се однесува и ова да го прави? Пукање со калашников пред маса на луѓе и воопшто да не се грижи дали ќе биде уапсен?
Само оној што е директно поврзан со власта, оној којшто е заштитен од власта и работи за неа.
Мицкоски не може да се крие, мора јавно да одговори – што го поврзува со криминалецот Симе?“, прашуваат од СДСМ.






