Хакери „олеснија“ велешка фирма за 21.000 евра: Фалсификувале фактура и ги пренасочиле парите
Вчера во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра.

Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот






