Ромите со тапани ја блокираа Битола

Групата граѓани од Ромска националност кои вчера го блокираа патот Битола-Ресен, поради тоа што полицијата им ги одземала возилата бидејќи возеле без возачка дозвола, денеска протестираат пред зградата на СВР Битола.
Според информациите од терен, полицијата ги пренасочува возилата од тој дел во градот.

Граѓаните пред зградата на Полицијата се собрани со тапани и скандираат „Нема правда, нема мир“.

Вчерашниот протест се одвиваше со поставување и палење гуми на коловозот, со што беше оневозможена нормалната сообраќајна комуникација. Според информациите, причина за протестот е одземањето на три возила од страна на полицијата.
Денеска од 11:30 затворен е Плетвар поради протест, а вчера имаше протести и во Ромските маала во Кочани, Штип, Струмица и Кичево.
извор инфомах мк






