Мециновиќ: Оваа Влада ќе се памети по криминално богатење и репресија на неистомисленици

„Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и нај немилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права“ пишува на социјалните мрежи пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ.
„Ќе се памети по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека работниците бараат повисоки плати, гласно и фуриозно се борат против тоа“ – пишува Мециновиќ.
Според него, Владата не покажува интерес ниту за сиромаштијата, ниту за загадениот воздух, ниту за работничките права, туку исклучиво за бизнис – интересите и олигархиските потреби.
„Само ненаситноста на олигархијата е бесконечна, како и волјата на нивната Влада да ја храни“, порача Мециновиќ.






