Димитриевски: Следува период на работа, а не на избори


„Следува период на работа, не на избори“, рече претседателот на ЗНАМ – Максим Димитриевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 на прашање дали треба да има предвремени парламентарни избори во земјава.

„Одлично сум брифиран што се случуваше на лидерската средба. Дали ќе има денеска, утре парламентарни избори, нас апсолутно ни е сеедно. Ние како нов политички субјект, во секој момент сме подготвени да учествуваме на сите избори. Мнозинството тоа го дефинира, а тоа го има нашиот коалициски партнер. Следува период на работа, а не на избори. Создадовме една стара навика, кога има избори 2-4 месеци се стои во државата. Еве, сега доаѓам од состанок со едни од најголемите инвеститори во мојата општина, и токму тоа го нотиравме. Самата инвестиција доцни затоа што во периодот на изборите, државата не функционираше“ – изјави Димитриевски.

Во врска со прашањето кое е актуелно деновиве, за зголемување на минималната плата, Димитриевски рече дека минималната плата во земјава содржи многу политика, а малку суштина.

„Минималната плата во државата содржи многу елементи на политика, а многу малку на суштина. Парите секогаш се малку, и платите се мали во Македонија, но покачувањето на платите значи и покачување на цените, особено на давателите на јавни услуги. Јас сакам моите јавни претпријатија да имаат високи плати, но цените на услугите ќе бидат повисоки. Се работи за многу политика, а малку суштина“, рече Димитриевски.

Back to top button
Close