Aпасиев не e за забрана туку за национализирање на производствот на медицински КАНАБИС
Полицијата вчера спроведе обемна акција за заплена на марихуана на повеќе локации во државата, при што во Скопје беа одземени речиси десет тони, а дополнителни количини беа запленети и во струмичко. Акцијата се реализираше под координација на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија, за која тамошните власти соопштија дека потекнува од Македонија.
Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, го изнесе својот став преку социјалните мрежи.
„Не. Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС! Треба да се национализира“, вели Апасиев






