Во Битола кучиња скитници нападнале двегодишно дете, со тешки повреди пренесено е во Скопје

Вчера во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Извор: press24.mk

 

Back to top button
Close