Возач од тетовско возел „порше“ без возачка, па полицијата му го одзела

На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.И.(27) од с. Требош.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „порше“ со тетовски регистарски ознаки и било констатирано дека Р.И. го управувал возилото без возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






