ВИДЕО: Хаос и тепачка во НБА – мораше да реагира и полицијата

Жестока тепачка го одбележа натпреварот меѓу Детроит пистонс и Шарлот хорнетс, откако во третата четвртина дојде до сериозен инцидент кој резултираше со исклучување на четворица кошаркари.
Од редовите на Шарлот беа исклучени Муса Диабате и Мајлс Бриџис, додека кај Детроит паркетот предвреме го напуштија Џејлен Дурен и Ајзеја Стјуарт. Дополнително, тренерот на Хорнетс, Чарлс Ли, беше исклучен во последната четвртина, откако мораше да биде задржан од клупата за да не тргне кон судијата, бурно реагирајќи на една судиска одлука.

На крајот, Пистонс славеа со 110:104, а поразот го прекина обидот на Шарлот да го израмни клупскиот рекорд од 10 последователни победи.

Инцидентот започна нешто повеќе од седум минути пред крајот на третата четвртина, кога Џејлен Дурен, со топката во раце и во обид да се упати кон кошот, беше фаулиран од Диабате. По фаулот, Дурен се сврте и влезе во вербален и физички контакт со противникот, при што делуваше дека двајцата се судрија со главите. Набрзо потоа, кошаркарот на Детроит со отворена десна рака го удри Диабате во лицето, по што настана вистински хаос, а мораше да интервенира и полицијата.

 

Back to top button
Close