(Видео) Мрак во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид: Студентите цела ноќ останаа без струја, греење и топла вода
Видеа со мракот во студентскиот дом пристигнаа и до редакцијата на Инфомакс.
Освен без електрична енергија, студентите останале и без греење и топла вода, што дополнително ја отежнува ситуацијата, особено поради ниските температури во зимскиот период.
Во објавата се наведува дека постои можност студентите и ноќта да ја поминат во вакви услови, а во видеото што се споделува на социјалните мрежи се посочува дека проблемот најверојатно е поврзан со неплатени сметки. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за причините за прекинот и за тоа кога ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.
Од ДСД „Никола Карев“ на Фејсбук во кратко соопштение им се извинија на студентите кои останале без електрична енергија и известија дека чекале проблемот да го решат од Министерството за образование (МОН), од каде пак им рекле дека проблемот би требало да се реши во текот на денешниот ден





