Вучиќ бил бесен откако од владата добил економски планови за програмите Србија 2030 и Србија 2035, направени со помош на вештачка интелегенција,
Како што дознава „Новости“, пред патувањето во Анкара, српскиот претседател побарал да го види нацртот на плановите „Србија 2030“ и „Србија 2035“, а од надлежните органи на Владата добил предлог-програма изработена преку ChatGPT, односно преку вештачка интелигенција.

Како што објави веснико, претседателот Вучиќ ќе го повика премиерот Ѓура Мацут, како и другите министри, и ќе им даде рок – најдоцна до 21 февруари, денот кога ќе се врати од патувањето во Индија, да ги добие предлозите за програмите „Србија 2030“ и „Србија 2035“ напишани од луѓе.
Доколку тоа не се случи, претседателот Вучиќ самиот ќе ја предложи таа стратегија и програма.
Сведоците кои биле присутни кога претседателот Вучиќ го добил планот создаден преку вештачка интелигенција, за „Новости“ велат дека долго време не го виделе толку бесен.





