19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри
Тетовец на 19-годишна возраст го загубил животот во трагична несреќа во Италија, каде што бил на работното место.

Според информациите објавени од медиуми на албански јазик, младиот човек паднал од покрив од височина од околу седум метри. Од здобиените тешки повреди починал.
Во моментов не се познати дополнителни детали за тоа како се случила несреќата и што му претходело на падот.
Последното испраќање на 19-годишниот тетовец е најавено за утре во Тетово, по пладневната молитва.






