(ВИДЕО) Димитријевиќ: Нова бомба – 74 тендери вредни 17 милиони евра само за една фирма, власта си дели тендери како колачи
Прес конференција на АКТ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ

53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.
53 дена, сите молчат.
Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми.
Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиска полиција молчи.
Власта си го штити сопствениот бизнис.

Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта. 74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп” ДООЕЛ Скопје.
Наглиот раст на склучени договори започнува во 2024 година, продолжува 2025 па се до денеска.
Само минатата година, 59 склучени договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО – ОКГ.
Симптоматично, вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите.
Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки.
161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за друга фирма преку општините, сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта.
За тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ тендерите се како томбола која си ја даваат сами на себе.
Си делат милионски тендери, како колачи.
Додека нема пари за поголеми плати за работниците, нема за земјоделците, нема за поголема минимална плата се испумпуваат пари на народот преку тендери.
АКТ продолжува со работа.
Одговорност ќе има.
Работата не е завршена!






