Возот свири оддалеку и подзастанува пред да помине, граѓаните бараат функционални рампи за поголема безбедност

Воз поминува низ железнички премин во општина Гази Баба, додека рампите остануваат кренати, пренесува фејсбук-групата „Ѕид на Општина Гази Баба“.

Screenshot

Кога поминува воз со вагон, свири оддалеку да алармира и подзастанува пред да помине, но возачите и жителите бараат функционални рампи за поголема безбедност.

Проблемот со нефункционалните рампи не е нов. Граѓаните веќе подолго време алармираат за нивната неисправност и за опасноста на која се изложени учесниците во сообраќајот при секое поминување на воз.

Објавената снимка повторно го отвора прашањето за безбедноста на железничките премини и потребата надлежните институции итно да реагираат пред да се случи несреќа.

Back to top button
Close