Летонскиот претседател Ринкевич: И ветувавме толку многу на Македонија за да го смени името

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција го изнесе своето мислење за Украина и за притисокот на Володимир Зеленски да се одреди конкретен датум за пристапување на неговата земја во Европската Унија како дел од кој било иден мировен договор.

Tој вели дека „разбираме дека ни е потребна Украина во Европската Унија“, но разговарајќи со другите лидери на ЕУ, тој има „некаков вид чувство дека во овој момент, додека зборуваме денес тука во Минхен во февруари, нема подготвеност да се говори за датум“.

Тој вели дека блокот „сака да ја види Украина [како се приклучува] што е можно поскоро“, но треба да се справи со две други прашања како дел од тој процес. Ринкевич смета дека ЕУ „треба да го погледне Западен Балкан“, бидејќи ЕУ ризикува „ голем кредибилитет во регионот“ со тоа што не напредува во своите перспективи за пристапување.

„Ветувавме толку многу работи во замена за реформи, на пример, за промена на името на Северна Македонија. Долго време им ветувавме членство“. И додава дека ЕУ не може да ја заборави Молдавија.

„Да, тоа е мала земја, но ако влезе Украина, не можеме да ја изоставиме Молдавија од ова, така што повеќе не станува збор само за Украина“, вели тој, додавајќи дека тоа би барало „многу сериозна дискусија“ за тоа како да се управува со процесот.

Тој вели „сакале или не“, членството на Украина во ЕУ е „многу поврзано со мировниот договор“, но вели дека не е оптимист дека Русија навистина ќе се вклучи во процесот, за да може да се договори.

„Ако Русија не се движи, тогаш нема да имаме договор“, вели тој.

 

Back to top button
Close