Петрушевски: Истата фирма за која обвинува СДСМ има добиено можеби двојно повеќе тендери додека тие беа на власт

Ова е коментарот што пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со последните обвинувања на опозицискиот СДСМ – дека фирмата „Ленди груп“, за која оценија дека е блиска до власта, добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години

СДСM што ги брои овие тендери од последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт и ќе дојде до заклучок дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ.

Ова е коментарот што пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со последните обвинувања на СДСМ – дека фирмата „Ленди груп“, за која оценија дека е блиска до власта, добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години.

„СДС што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Така што, ова е едно популистичко обвинување. Вакви популистички прес-конференции не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста“изјави Петрушевски.

Антикорупциоскиот тим на СДСМ претходно денеска обвини дека фирмата „Ленди груп“ добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години. Наглиот раст на склучени договори со посочената фирма, според тврдењата на опозициската партија, започнал во 2024 година, продолжил во 2025 година и трае до денеска.

Back to top button
Close