ЦУК: Состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, погодени над 30 домаќинства
Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој, како што информираат била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината.

Според информациите од терен, над 30 домаќинства беа погодени, при што службите интервенираа навремено, координирано и со засилен ангажман, а зафатените објекти се целосно расчистени.
-Али ја нагласи важноста од брзата реакција, институционалната координација и постојаната комуникација со локалната самоуправа за заштита на граѓаните и нивниот имот. Исто така, беа дефинирани конкретни чекори за целосна санација на штетите, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за намалување на ризиците од слични појави во иднина – информираат од ЦУК






