Апел до посетителите да избегнуваат ризични терени на Шар Планина поради лавинска опасност
На Националниот парк Шар Планина е регистрирано значително зголемување на лавинската опасност поради обилните врнежи од снег, засилениот ветер и порастот на дневните температури. Од националниот парк апелираат посетителите и љубителите на зимските спортови да се движат внимателно и да избегнуваат ризични терени.

„Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција.
Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:
-движете се внимателно во планински услови
-избегнувајте ризични и стрмни терени
-користете соодветна безбедносна опрема
Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата. Безбедноста секогаш нека биде на прво место, се вели во соопштението






