СДСМ: 17 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал

Трета недела веќе, 17 дена, нема одговор како 5 тони дрога, вредна 40 милиони евра, поминале преку македонската граница во Србија. Сите молчат за најголемиот наркоскандал во регионот, сите се прават дека ништо не знаат, се наведува во соопштението од СДСМ.

Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски, цела Влада не знае.

На 65 илјади камери, скренери, контроли, полиција, царина и никој ништо да не знае?

Молкот не е случаен, молкот е потврда дека скандалот со 5 тони дрога води во врвот на власта и дека некој де обидува да го забошоти.

Не поминува дефокусот, ниту лицитациите на Мицкоски за наводно запленета нелегална марихуана од 25, 40 или 100 тони.

Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, крива е повторно владата. Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале, за сите што требале да спречат, а не спречиле.

СДСМ нема да дозволи најголемиот нарко скандал да се заташка. Сите ќе одговараат.

 

 

Back to top button
Close