Бунфорт: С. Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ

Ако процесот се базира на мерит систем, С. Македонија и останатите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Нагласува дека земјава неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно процесот на пристапување во ЕУ да се забрза.

 

– Advertisements –

 

Бунфорт, кој денеска во македонското Собрание имаше средба со потпретседателот на Парламентот, Антонијо Милошоски рече дека на средбата станало збор за повеќе прашања поврзани со процесот на пристапување во Европската унија.

-Разговаравме за многу прашања поврзани со процесот на пристапување во ЕУ. Секако сме чуле многу идеи како таа за постепена интеграција или гарантиран статус на земја членка без право на глас… Она што е важно е да видиме дека земјите од регионот, вклучително и С. Македонија треба да станат полноправни членки на ЕУ. Тоа е се што можам да кажам во моментов. За нас би било многу важно да се забрза овој процес и да им се даде на земјите шанса да станат членки на ЕУ. Доколку станува збор за мерит базиран пристап, мислам дека С. Македонија и регионот заслужуваат полноправно членство, рече Бунфорт во одговор на новинарски прашања по средбата.

Според него, Унгарија и С. Македонија негуваат одлични билатерални односи и, како што истакна, тоа е повеќе од партнерство, тоа е нешто што се темели на заеднички интерес и доверба.

-Ние имаме силен интерес да го зголемиме нашето присуство во економската сфера на Северна Македонија. Разговаравме за конкретни проекти, разговаравме за прашања од заеднички интерес. Исто така, изразивме целосна поддршка за С. Македонија пристап до ЕУ. Сметаме дека е пародија што С. Македонија „седи на оградата“ повеќе од дваесет години. Сега се обидуваме да направиме сè што е во наша моќ за да го забрзаме овој процес. Разговаравме и за регионални прашања. Заинтересирани сме за стабилноста на регионот која за нас е од големо значење, рече специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија

Back to top button
Close