Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер

Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи денеска со сослушување на Горан Тонев, музичар и надворешен соработник на групата ДНК. Тонев, кој бил на бината во моментот на избивање на пожарот, пред судот ги опиша застрашувачките моменти на ескалација на огнот и густиот чад кој го исполнувал просторот.

Сведокот појасни дека пиротехничките средства биле веќе поставени на бината пред нивниот настап, но нагласи дека не знае кој ги донел или ги монтирал. Тој додаде дека пожарот се ширел екстремно брзо, по што настанал хаос при обидот да се напушти објектот.

 

Опишувајќи ги драматичните сцени, Тонев истакна:

 

„Пожарот настана над бината, јас се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, од горе од сунгерот капеа капки, беше екстремно топло, имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу време. Како што гореа сунгерите тие се топеа и кога погледнав нагоре огнот беше над мојата глава и капеа црни капки. Имам повреди и од нив.“

Тонев, кој поради тешките изгореници на дишните патишта и телото се лекувал во Солун, изјави дека сè уште не може да ја извршува својата функција како гитарист

(press24)

 

Back to top button
Close