Мицкоски и Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра и покрај намалувањето на коефициентите
КОЛКУ ЌЕ ЗАРАБОТУВААТ ВОДЕЧКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ФЕВРУАРИ?
Функционерските плати се покачија поради најбитниот фактор што се користи при пресметката на нивните плати – просечната плата за изминатата година, која во последните три години е во значителен пораст. Дополнително, платата на функционерите расте и по основ на разни други бенефиции како минат труд. Просечната плата расте, па нејзиниот просек за 2025 година е 46.889 денари.
Платата на премиерот Христијан Мицкоски сега изнесува околу 147.000 денари, а со исплата за месец февруари 2026 би била повисока и покрај намалениот коефициент.
Коефициентот за премиерот ќе биде 3,17 и тој се множи со просечната плата од 47 илјади денари. Така, се добива сума од 149 илади денари на која се додаваат и 23 години работен стаж на премиерот, односно за секоја година минат труд платата расте за 0,5 проценти. Тие дополнителни 11,5 проценти ја покачуваат премиерската плата на 166.000 денари.
Слични примања би имал и претседателот на Собранието, Африм Гаши. И неговата плата се пресметува со множење на коефициентот 3,17 со просечната плата од речиси 47.000 денари. На сумата од 149 илјади денари би се додале и неговите 29 години стаж (според биографијата од сајтот на Собранието), односно 14,5 проценти, со што се добива сума од 170.500 денари месечна плата.
И претседателката Гордана Сиљановска-Давкова има ист коефициент од 3,17. На сумата од 149.000 денари се додаваат и нејзините околу триесет и пет години стаж или 17,5 проценти, со што се добива сума од 175 илјади денари нето.
Со намалениот коефициент, но со зголемената просечна-плата, владините министри што досега земале основна нето-плата од околу 118.000 денари, со новата пресметка ќе добиваато околу 122.000 денари без додатоци. Исклучок е првиот човек на МВР, Панче Тошковски, чии примања се повисоки за 20 проценти.
„На министерот за внатрешни работи му се утврдува зголемување за 20 отсто на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година“, пишува на владината веб-страница.
За Тошковски, основица за пресметка ќе коефициентот 2,60, кој се множи со просечната плата за 2025 од 47.000 денари, со што се добива сума од 149.000 денари.
Ако на тоа се додадат и 9,5 проценти минат труд за 19 години работен стаж на министерот (според биографијата на владата, тој работи од 2006 година) се добива нето плата од 133.809 дденари. Со зголемувањето од 20 проценти за вршење на функцијата прв човек на МВР, Тошковски би имал плата од речиси 160.500 денари.
Воедно, со законските измени се утврди „намалување“ и на платите на градоначалниците, односно планирано е да се намалат и нивните коефициенти. Коефициентот за утврдување на платата на градоначалникот на Град Скопје изнесува 2,60 наместо 2,85.
Од март годинава, новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе добива плата од најмалку 122.000 денари без додатоци за минат труд поради промената на коефициентот.






